Чоколадото ја „лекува“ кашлицата

Од:

Чоколадото може да биде лек против постојана кашлица, покажува најновото истражување. Научниците во какаото пронашле состојки за кои се знае дека ги ублажуваат симптомите на акутна и хронична кашлица.

Околу 300 луѓе со постојана кашлица учествувале во клиничко испитување во Велика Британија, каде добивале природни хемикалии на теобромин, добиени од какаото, двапати дневно во текот на две недели.

Дури 60 отсто од пациентите пријавиле одреден степен на подобрување на здравствената состојба. Сепак, научниците предупредуваат дека какаото не е лек, бидејќи симптомите се вратиле веднаш по завршувањето на третманот.

Претходна студија спроведена на британскиот Национален институт за болести на срцето и белите дробови, покажала дека теоброминот ја блокира активноста на сензорните нерви, што значи дека го парализира рефлексот на кашлица. Дури бил поефикасен и од кодеинот, кој широко се употребува во лекување на кашлицата.

Во најновото истражување испитаниците добивале доза од 1.000 милиграми теобромин.

Оваа состојка се наоѓа во незасладеното темно чоколадо во количество од околу 16 мг на секој грам од овој производ, во слаткото темно чоколадо пет милиграми по грам и во млечното чоколадо во количество од два милиграми по грам.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава