Македонија ги доби противниците во Дејвис купот

Од:

Македонската тениска репрезентација денеска ги дозна противниците во Дејвис купот на турнирот од третата Евро-африканска зона во Созопол, Бугарија. Македонија ќе игра во Б-групата заедно со Исланд, Молдавија и Малта.

Првопласираната селекција од овој турнир ќе игра бараж за влез во втората Евро-африканска зона.

За Македонија во Созопол ќе играат: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари.

Првиот натпревар, „црвено-жолтите” го играат веќе утре против Молдавија.

Состав на групите:

Група А: Ерменија, Бугарија, Грција.
Група Б: Македонија, Исланд, Малта, Молдавија.
Група Ц: Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн.
Група Д: Андора, Косово, Ирска, Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех