Научници открија флуоресцентна жаба

Од:

Научници ја открија првата „флуоресцентна жаба“ во светот, којашто свети во темно. Откритието било сосема случајно, додека траеле испитувања на водоземци во сливот на реката Амазон во Аргентина, пишува британски „Гардијан“.

Тоа е првата жаба од таков вид, велат научниците, нагласувајќи дека флуоресценцијата ретко се сретнува кај сувоземните видови.

Заситената „вечерна“ боја на жабата доаѓа од комбинација на лимфни и жлездени течности. Досега се сметаше дека тоа хемиско соединение, кое предизвикува светлина, го нема кај ’рбетниците.

– Ова е сосема различно од флуорофорите. Откритието значи веројатност дека и другите водоземци може да бидат флуоресцентни, посебно оние со тенка кожа, како овој вид жаби, истакна Марија Габриела Лагорија, хемичарка од Универзитетот во Буенос Ариес и дел од научната експедиција.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on