Расплаканото бебе обидете се да го смирите со звукот на фен, правосмукалка или со звук од радио.
Т.н.„бела бучава“ означува мешавина од звуци на одредени фреквенции и повторување на звуците.
Таа им годи на малите бебиња и ги смирува. Помага кога бебето е нервозно поради грчевите или не може да заспие. Мошне брзо дејствува, го смирува или сосема го заспива детето, а истовремено им помага и на уморните и нервозните родители.
Ист ефект имаат и врнењето дожд, пеењето на птиците, шушкањето на листовите или жуборот на водата.
Дури и машината за перење или моторот од автомобилот можат да бидат од помош кога плачот на бебето ќе стане упорен и гласен.