Атанасова: Неработењето на собраниската Комисија за труд е против интересот на децата без родители

Од:

Директорката на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ Ристенка Атанасова денеска побара од претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Цветанка Иванова да продолжат да работат и што побрзо да бидат усвоени предложените измени на Законот за социјална заштита кои, како што рече, се во интерес на нивните штитеници.

 Деновиве сме сведоци на политички игри и манипулации кои, за жал, предизвикуваат застој во работата на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Како директна последица на тоа, меѓу другото, оневозможено е усвојување на Законот за социјална заштита, во кој се предвидени измени кои дирекно ги засегаат децата без родители и родителска грижа, а се однесуваат на обезбедување нивен работен ангажман во институциите во нашата држава, по напуштањето на установата, рече на денешната прес-конференција Атанасова.

Според неа, вака настанатата состојба не прави добробит на овие деца кои во својот живот претрпеле многу емотивни проблеми, стресови и стравови. Изрази надеж дека етичките и моралните вредности, како и човековата и хуманата димензија ќе проработат кај луѓето од кои директно зависи натамошната судбина на овие деца кога е во прашање нивниот работен ангажман.

Децата без родители и родителска грижа, потенцира таа, се обврска на сите нас, на секој општествен чинител, без разлика на политичка, етничка, верска или религиска припадност.

Во моментов во Домот престојуваат 63 деца. До крајот на годинава Домот ќе го напуштат шест деца, а следната година седум.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска