Радев повика на прагматизам во регионалната соработка во југоисточна Европа

Од:

Предизвиците и заедничките перспективи за развој на регионалната соработка во југоисточна Европа беа во фокусот на разговорите на состанокот на амбасадорите од балканските држави во Бугарија, чиј домаќин беше бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од Кабинетот, јави БТА.

– Општата безбедност, постигнување висок економски раст и развој на транспортната, енергетската и комуникациската инфраструктура што го поврзува Балканот, бараат заеднички напори и план, нагласи Радев, повикувајќи на поголем прагматизам во Процесот за соработка во југоисточна Европа и при постигнување согласност за конкретни проекти поддржани од европските фондови.

Процесот на проширување треба одново да биде ставен во фокусот на политиката на ЕУ, а државите кандидатки за членство да добијат поддршка за напредок во европската интеграција, гласи заклучокот на дипломатските претставници. Тие повикуваат тоа прашање да биде еден од главните приоритети на Бугарското претседателство со Европскиот совет во првата половина на 2018 година.

На средбата учествуваа дипломатите од Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Македонија, Србија, Турција и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16