Седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се разговара за однесувањето на Катица Јанева и Фатиме Фетаи за време на рочиштето за случајот „Насилство“ е одложена за во четврток.
Од Советот нема официјално образложение зошто е одложена седницата, но најверојатно за да се гледа снимката од рочиштето потребни се и технички услови кои не се создадени.
Дали некој друга причина се крие во позадина не се открива.
На рочиштето кое се одржа на 22 февруари, двете обвинителки беа казнети со по 2000 евра од страна на судијката Татјана Михајлова поради наводно непочитување на судот.Дали нивното однесување не беше предизвикано од начинот на водење на рочоштето и на постапување по нивните приговори на записникот од претходното рочиште?
Во случајот „Насилство“ обвинети се 14 лица од кои 5 како поттикнувачи, првообвинет е Никола Груевски, а исто така обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески како и поранешната советничка во општина Центар, Даниела Рангелова.