Андоновски: Советниците на Арсовска и од СДСМ не поддржаа зголемување на средствата за финансирање на клубовите

Од:

„Знаеме дека формални и неформални претставници на Град Скопје на бројни клубови во градот им ветуваат определени финансиски средства. Тие финансиски средства во голема мера ги надминуваат финансиските средства кои што се определени од страна на Градот во овој ребаланс. Во овој ребаланс се определени само 20 милиони денари за оваа намена и заради тоа сметавме дека е опортуно за да се испорачаат овие ветувања кои што претставници формални и неформални на Град Скопје ги даваат на спортските клубови, сметав, е дека е потребно да се зголеми сумата. И сега немаше да реагирам ако секретарот на градот не застанеше овде и не продолжеше да изнесува невистини и да лаже, затоа што вели дека нема да може да функционира градот, затоа што замислете сме скратиле 12 милиони денари од привремени вработувања, вели Стефан Андоновски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ по неизгласување на амандманот за зголемување на средствата за финансии на спорт и млади.

Андоновски рече дека не е јасно како на два месеца пред истекот на годината, Град Скопје ја зголемува ставката за привремени вработувања.

„Сега во октомври им текна дека им требаат 20 милиони денари повеќе за привремени вработувања, и од 12 милиони денари ги предвиделе на 27 милиони денари. Значи уште една армија на вработувања од октомври до декември. Ако навистина било потребно, овие 27 милиони денари ќе биле предвидени на 1 јануари за цела година. Ама не било потребно, туку сега во октомври на два месеца пред крајот на годината 12 милиони денари нови се многу потребни за привремени вработувања. Кои се овие толку круцијални привремени вработувања за градот кои што не смее да се помести ниту еден денар од овие финансии“, праша Андоновски.

Андоновски потенцираше дека доколку се поддржеше амандманот средствата за финансирање на спорт ќе беше 32 милиони евра, како и дека не е во ред формални и неформални претставници од Град Скопје да им ветуваат на одреден спортски клуб дека ќе добие 20 милиони денари, кога вкупната сума за спорт е 20 милиони денари.

„Затоа целта ми беше не да ја политизираме на овој начин ги дуплираме средствата за спорт, и на истиот повик кој што ќе го распишете за веќе планираните средства, само ќе ја зголемете бројката, и ќе можете да финансирате повеќе спортски клубови и во позначителна мера онака како што вашите формални и неформални претставници на градоначалникот се шетаат по градот и ветуваат. Затоа што е сериозно да ветувате на спортски клубови 20 милиони денари, а вас вкупната сума за спорт да ви биде 20 милиони денари, вака вкупната сума за спорт се зголемува и ќе изнесува 32 милиони денари и на овој начин навистина значително ќе можеме да помогнеме на спортското клубови“, додаде Андоновски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он