Владата го поддржала унапредувањето од хаусмајстор во сценски работник во Универзална кое Советот на Град Скопје не го изгласа

Од:

Раководството на Универзална сала му одговори на советникот во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров на прашањето за унапредувањата предвидени со Планот за вработување за 2024 година според кои се унапредуваат хигиеничари, хаусмајстори и домаќини во сценски и тон мајстори.

„Со започнување на реконструкцијата на ЈУ Универзална сала-Скопје во месец јуни 2021 година, а согласно претходно спроведена Функционална анализа и усвоен Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Универзална сала-Скопје со број 02-200/2 од 18.09.2020 год., усвоен од страна на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА),со Согласност бр.12/6-3183/4 од 22.09.2020 год., се изврши реорганизација во процесот на работење на установата. Поради ова тогашниот Директор на установата Филип Аврамчев донесе Решенија за распоредување на работни места на дел од вработените.

Распоредувањата на вработените се извршени согласно горенаведената Систематизација, како и со исполнување на општите и посебните услови кои ги предвидува истата.

Следствено на ова во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2022 година, овие вработени беа планирани за унапредување, за истиот беше донесена Одлука од Советот на Град Скопје со број 27-8977/2 од 22.09.2021 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-3862/5 од 07.11.2021 година.

Планираните унапредувања не се реализираа во 2022 година и истите беа планирани во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2023 година, за кој исто така беше донесена Одлука од Советот во сегашниот состав на Град Скопје со број 27-10236/1 од 31.08.2022 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-4144/2 од 27.10.2022 година.

И оваа тековна 2023 година, планираните унапредувања не се реализираа, поради што повторно се планираа истите унапредувања во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2024 година, кои беа ставени како точка на Дневниот ред на продолженито на 35-тата седница на Советот на Град Скопје која точка Советниците не ја донесоа“, се вели во сопштението на Универзална сала.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Не се излезени записниците за пожарот во Универзална: Надзорот најави можна промена на металната конструкција

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала