Децата од религозни семејства помалку се склони да споделуваат со другите деца, отколку децата од нерелигиозните семејства, сугерира студија при Универзитетот во Чикаго. Истражувачите исто така откриваат дека религиозно воспитаните луѓе се подготвени на антисоцијално однесување да одговорат со казна.
РТС – Белград
Многу семејства веруваат дека религијата има пресудна улога во моралниот развој на детето, но како што сугерира меѓународната студија од Универзитетот во Чикаго, децата од религиозни родители можеби не се толкави алтруисти како што сметаат родителите.
Професорот Жан Десети го предводеше тимот на развојни психолози кои ги истражуваа односот на 1.170 деца и девојчиња на возраст од пет до 12 години од шест држави: Канада, Кина, Јордан, Јужна Африка, Турција и САД. Студијата ја проценувала склоноста на децата да споделуваат, третирајќи го тоа како мерка за нивниот алтруизам, како и тенденцијата да ги осудат и казнат другите поради лошо однесување.
Децата од религиозните семејства помалку се склони да споделуваат од децата од нерилигозните семејства. Религиозно воспитаните луѓе исто така се повеќе подготвени на антисоцијалното однесување да одговорат со казна, сугерира истражувањето.
Резултатите од истражувањето имаат спротивен став од мислењето на религиозните родители, кои почесто од нерелигиозните родители тврделе дека нивните деца имаат висок степен за емпатија и разбирање за туѓите неволји.
– Нашите резултати се во спротивност со здравиот разум и општата претпоставка дека децата од религиозни домаќинства повеќе сочувствуваат и се по љубезни кон другите. Се покажа дека децата од атеиститчките и нерелигиозните семејства всушност се повеликодушни, изјави Десети, професот по психологија и психијатрија на Универзитетот во Чикаго.
Игра на диктатор
Децата учествувале во верзијата „Игра на диктатор”, со цел истражувачите и низ тој вид на однесување да го проценат нивниот алтруизам. Добиле десет налепници и им била пружена можност да ги делат со друго дете кое не го гледаат. Алтруизмот е мерен со просечниот број на поделени налепници.
За да ја проценат моралната чувствителност на децата, научниците им пуштале кратки анимирани филмови, во кои еден лик го турка или удира другиот, случајно или намерно. По гледањето на секој филм, децата одредувале колку лоши било однесувањето на одредените ликови и колкава казна заслужуваат.
Родителите пополнувале прашалници за своите верски убедувања и пракси и за проценката која ја имаат за тоа колку нивните деца се сочувствителни и праведни. Врз основ на прашалниците биле основани три големи групации: христијани, муслимани и нерелигиозни.
Припадниците од другите религии не биле во доволно голем обем за да бидат вклучени во дополнителните анализи.
Како и во претходните студии, општо гледано, склоноста на децата да делат се зголемувала со годините. Меѓутоа, децата од христијанските и муслиманските домаќинства биле значително помалку подготвени да ги делат своите налепници, од децата од нерелигиозните семејства.
Негативната врска на религиозноста со алтруизмот растела со годините, па децата од домаќинствата каде подолго се практикувала верата биле најмалку склони да делат.
Децата од религозните семејства повеќе го осудувале антисоцијалното однесување и се залагале тоа да се казни по остро, од нерелигиозните деца. Резултатите од оваа студија се во согласност со претходни истражувања на возрасни луѓе, кои откриле дека религиозноста е поврзана со тенденцијата да се казни лошото однесување.
– Резултатите од студијата откриваат дека во различни држави религијата на сличен начин недоволно влијае на алтруизмот кај децата. Тие го негираат ставот дека религиозноста поттикнува општествено посакувано однесување и преиспитуваат дали религијата е неопходна за моралниот развој и со тоа сугерираат дека секуларноста на моралниот дискурс не ја намалува човечката добрина. Всушност, го прави токму спротивното, вели Десети.