Компанија од САД плаќа 12 илјади долари за практиканти кои ќе шетаат и пијат пиво

Од:

Летото е периодот кој луѓето најчесто го користат за шетање, дружење и опуштање, а речиси и да нема подобро опуштање од пиење пиво и патување цело лето.

Ланец на пивници од Флорида, World of Beer, објави оглас за практиканти кои ќе се приклучат на програмата Дринк Ит и кои ќе треба да посетуваат различни пивници низ САД и низ светот, да пробуваат различни видови на пиво, да учестуваат на фестивали и настани за пиво и сето тоа да го споедуваат преку социјалните мрежи.

Иако ова не е оглас за постојана работа, праксата трае четири месеци, а Wold of Beer плаќа 12 илјади долари и ги покрива сите трошоци, вклучувајќи го и пивото.

Аплицирањето за праксата е отворено до 26. март, а се аплицира преку веб сајтот на компанијата. За да се пријавите треба да снимите едноминутно видео во кое што ќе ја објасните причината зошто треба да бидете избрани.

Изборот ќе биде направен во април, а избраните среќници ќе имаат можност да го прошетаат светот и пробуваат различни пива.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски