Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во ТЦ Веро-Џамбо ќе почне со реализација на кампањата „Среќна и безбедна 2013 година – во семејно и пријателско дружење“.
Членови на клубовите за превенција од основните училишта ќе им поделат балони на децата во трговскиот центар со едукативна порака – „Среќни и безбедни празници – без петарди, без оружје, без насилство“.
Активисти на Црвениот крст ќе покажат симулација на повреда од петарда.