Во дворот на Соборниот храм и покрај најавите дека ќе биде откажан, сепак има собир, по што ќе се одржи мирен марш под мотото „Марш за Македонија – Завет за Македонија“.
Маршот почна да се движи накај Жена Парк, каде на споменикот на бранителите ќе биде положено цвеќе. Маршираат околу 400 лица со барање во Македонија да се зборува еден јазик, а не два или три.
Може да се забележат знамиња и патриотски симболи, а се пеат и патриотски песни. Според организаторите овој протест е реакција на политичарите кои сакаат да ја поделат Македонија. Тие исто така нагласија дека овој протест не смее да се користи за политички цели и дека не се поврзани со ниту една партија.