Киров: Србија станува регионален воен фактор

Од:

Поранешниот бугарски шеф на разузнавачката служба, генерал Кирчо Киров изјави денеска дека Србија „станува регионален фактор во воена смисла“, благодарение на воената помош од Русија.

Во изјава за бугарски медиуми тој оцени дека тоа ќе се одрази на регионот, „бидејќи со тоа е создадена атмосфера на конфронтација“.

Киров го истакна тоа зборувајќи за тензиите меѓу НАТО и Русија на Црното Море, за кои предупредува дека ќе продолжат и ќе предизвикаат опасни ситуации.

Русија според него ги оценува акциите на НАТО во Црното Море како агресивни и одмазнички, при што тензиите меѓу Алијансата и Москва опасно се развиваат близу Бугарија и тоа, според него. ќе влијае на ситуацијата во регионот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија