Конференција за здравствена заштита на лицата со инвалидност

Од:

Ослободување од партиципација во примарната и секундарната заштита, бесплатна придружба на член на мали деца во болнички услови, бањско и климатско лекување, зголемување на листата на лекови како и ортопедски помагала се потребните измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита односно во подобрување на условите на лицата со инвалидитет.

Ова денеска беше истакнато на конференцијата на тема „Здравствена заштита и здравствено осигурување на лицата со инвалидност во Република Македонија“, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија.

Лицата со инвалидност целосно го имаат правото да бидат граѓани, порача министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и додаде дека тие го имаат правото да бидат заштитени и поштедени од дискриминација, како и рамноправно да ги уживаат своите човекови права.

– Сите членови на едно општество се способни да дадат корисен придонес. Затоа обврска на државата, а особено наша заедничка човечка обврска е да направиме се за надминување на дискриминацијата и обезбедување услови за лицата со инвалидност. Тие лица треба да бидат третирани рамноправно со останатите граѓани со што целосно ќе ја избришеме маргинализацијата која што води кон непродуктивност во економска, социјална, културна, спортска и секаква друга општествена смисла. Во спротивно нашата држава и ние како нејзини граѓани ќе останеме посиромашни за големи општествено полезни дела кои лицата со инвалидност можат да ги направат, истакна Ибрахими.

Потсети дека Министерството за труд и социјална политика го зголеми посебниот додаток за материјално необезбедените родители на деца со пречки во развојот за 25 проценти. Информираше и за учеството на Министертвото во акцијата „Домашна визита“ во кои активности се посетени околу 104.000 лица, од кои 13.592 лица се корисници на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, право на постојана парична помош, право на мобилност, слепило и додаток за глувост, кај кои поради ментална или психичка попреченост достапноста во примарната здравствена заштита им е отежната.

– Со цел успешна реализација на овој проект, а воедно и обезбедување подобра здравствена заштита и рано детектирање на одредени болести, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство ја разгледа можноста, во рамките на акцијата на „Домашна визита“ да бидат опфатени не само стари лица, туку и лица на возраст над 26 години, корисници на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, постојана парична помош, право на мобилност, слепило и додаток за глувост, додаде Ибрахими.

Бранимир Јовановски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија, рече дека во однос на здравствената заштита на лицата со инвалидност потребно е уште многу да се работи во делот на ослободување од партиципација во примарното и секундарното здравство, зголемување на листата на лекови кои помагаат во нивниот третман, бесплатно бањско лекување…

Оваа тема е многу важна са сите лица со инвалидност затоа што се соочуваат со одредени проблеми, рече Василка Домовска програмски менаџер во Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост и посочи дека најчест проблем на хендикепираните лица е достапноста на ортопедските помагала, но и како важна промена во здравствената заштита на тие лица таа ја истакна и раната детекција на децата родени со ризик фактор.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска