МТСП ги разгледува решенијата за сместување на најзагрозените семејства од поплавите

Од:

Министерството за туд и социјална политика со писмено соопштение ја појаснува ситуацијата за сместувањето на најзагрозените лица погодени од поплавите од минатиот август.

„По однос на информацијата од Министерството за труд и социјална политика доставена до Државниот студентски дом “Томе Стефановски -Сениќ” и Центарот за образование и рехабилитација на деца со
оштетен слух “Партенија Зоографски” во кои се сместени најзагрозените лица погодени од поплавите од месец август 2016 година би сакале да потенцираме дека:

Министерството согласно со Одлука на Владата на Република Македонија беше задолжено да обезбеди средства за покривање на трошоците за овие лица во установите во период од 60 дена, но не подолго од 180 дена.

Имајќи ја предвид состојбата на овие лица Министерството двапати носеше решенија за продолжување на престојот на овие лица во установите во рамки на максимално дозволениот период при што за ова беа обезбедувани сретства од буџетот на МТСП.

Пред доставувањето на информацијата до установите и до лицата, Министерството побара податоци од Бирото за судските вештачења дали лицата кои сеуште престојуваат во установите биле обештетени согласно со мерките кои беа предложени од страна на Владата на Република Македонија.

По реакциите добиени од страна на лицата кои се сместени во установата и во непосредните средби со нив, Министерот за труд и социјална политика, одлучи стручните служби од Центрите за социјална работа уште еднаш да направат непосреден увид во домовите на овие лица, по што Министерството со проблемска информација ќе се обрати до Владата на Република Македонија за добивање на понатамошни насоки за постапување со овие лица, при што во изнаоѓање на одредени решенија за овие лица би требало да бидат инволвирани и други Министерства и институции, односно Владата да одлучи дали и до кога ќе го продолжи рокот за сместување во Државниот студентски дом “Томе Стефановски -Сениќ” и Центарот за образование и рехабилитација на деца со оштетен слух Партенија Зоографски“ стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска