„Социјална инклузија преку технологија“ е насловот на проектот на УСАИД којшто ќе биде промориран денеска во Скопје.
Главната цел е поголемо вклучување на младите луѓе со попреченост на пазарот на трудот, а пред се во брзорастечкиот сектор на информациско-комуникациски технологии (ИКТ) преку обезбедување онлајн обуки и практични обуки во компании од ИКТ секторот.
Воведдно обраќање на промоцијата на проектот ќе има Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.
Проектот на УСАИД „Социјална инклузија преку технологија“ е имплементиран од иВоте Фондација во партнерство со граѓанската ораганизација „Отворете ги прозорците“ и со Здружението на младинци и студенти со хендикеп.
Фондацијата иВоте, која е носител на проектот, е непрофитна организација чија цел е подобрување на демократските процеси, инклузија на маргинализираните групи и јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор преку примена на иновативни системи за управување и за учење.