Румен Радев инаугуриран за нов бугарски претседател

Од:

Румен Радев од денска е новиот претседател на Бугарија. Тој беше инаугуриран на свеченост пред црквата Александар Невски во Софија.

Во првиот говор тој вети дека ќе дејствува во корист на „обединето општество во име на демократијата“.

Радев истакна дека ќе биде претседател на сите Бугари без оглед на нивната партиска припадност или етничка и верска припадност.

Новиот бугарски претседател рече дека со партнерите на државата ќе работи на забрзување на интеграцијата со Европа, но вети и борба за права и достоинство на народот.

Радев е петти демократски избран претседател на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Горан Наумовски