А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

by А1он23/05/2024 - 13:372557
Share0

Република Северна Македонија треба да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ, исто како што било за секоја земја членка, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим, пренесува БТА.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Мојата порака до претседателот на Република Северна Македонија е дека Бугарија час поскоро очекува промена на реториката и конечно да престане со јазикот на омразата, изјави Радев.

Според Радев, поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Северна Македонија, која престојува во Рим и е предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

– Позитивен знак е што претседателот на Република Северна Македонија покажал желба за ваква средба, одговорил Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Сиљановска-Давкова во Рим.

Следете a1on на Youtube YouTube

Очекувам, нагласил Радев, дека таква средба ќе има наскоро. Прашан дали ја кани Сиљановска-Давкова во Бугарија, Радев одговорил „Ја поканувам, секако“.

– Сметам дека желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, изјавил Радев.

Претседаелка Гордана Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Ова е нејзина прва посета во странство по преземањето на функцијата на 12 мај.

Rumen Radev

Би можело да ве интересира

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он09/06/2026 - 16:5009/06/2026 - 16:43

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски05/06/2026 - 18:0305/06/2026 - 18:03

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он28/05/2026 - 15:0628/05/2026 - 15:07

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Горан Наумовски19/05/2026 - 14:38

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски08/05/2026 - 09:5008/05/2026 - 10:18

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Горан Наумовски07/05/2026 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео