Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

Од:

Бугарија дава многу важен придонес кон безбедноста на НАТО, изјави премиерот Румен Радев денеска на средбата со генералниот секретар на пактот, Марк Руте, во Брисел.

Радев истакна дека Бугарија ја постигнала целта за инвестиции во одбраната еднакви на два проценти од БДП и постојано се движи кон нивно зголемување на пет проценти.

Бугарскиот премиер истакна дека задачата на НАТО е да го заштити секој сантиметар од територијата на Алијансата.

„Во вакви предизвикувачки времиња, НАТО мора да обезбеди силни инвестиции во одбраната, да има јасна визија и применлива стратегија и реалистичен пристап кон предизвиците“, додаде тој.

-Мора да постигнеме многу избалансиран микс од способности за зголемување на националните одбранбени капацитети и да придонесеме кон вкупните капацитети на НАТО, рече бугарскиот премиер, додавајќи дека Бугарија обезбедила значајни инвестиции за обновување на националните вооружени сили, вклучително и со средства произведени во земјата.

Важно е да се инвестира во луѓе, да се имаат заеднички стандарди за привлекување и задржување на вработените, истакна премиерот. Верувам дека војната во Украина ја покажа потребата од мотивирани и посветени вработени, додаде тој.

Бугарија е важен сојузник и помага во заштитата на источното крило на НАТО, истакна Руте.

-Црното Море и Бугарија играат клучна улога за Алијансата, земјата е домаќин на распоредени сили, кои ги посетив пред некое време и бев многу импресиониран, додаде тој.

Според него, Бугарија дава важен придонес во силите на КФОР.

Руте истакна дека воената индустрија во Бугарија ја поддржува целата Алијанса.

Генсекот на НАТО додаде дека тој и премиерот Радев се добри пријатели со години.

Би можело да ве интересира

Руте се обидува да го задржи Трамп во НАТО

Катерина Ѓуровски

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност