Лавовите кои живеат во дивината во Африка во последните 50 години изгубија 75 проценти од својата природна средина, соопштија американските експерти.
Експертите од Универзитетот Дјук во Северна Каролина изјавија дека бројот на лавови е намален на 32.000 и оти овие животни во западниот дел на Африка се под голема закана од изумирање.
– Пред 50 години, бројот на лавови во Африка беше приближно 100.000. Бројот на лавови почнал да се намалува со порастот на африканското население и оти кралот на животните почнал да се сели во други делови на континентот, истакнуваат американските експерти.