Последниве денови светот на шоу бизнисот се забавува со конфликтот меѓу двајцата рапери, Крис Браун и Соулџа Бој, кој започна откако Соулџа на Инстаграм лајкувал фотографија на поранешната девојка на Крис, Кареш Тран.
По низата статуси на Твитер каде момчињата се расправаа, карницата отиде чекор подалеку, откако Соучџа Бој на Инстаграм објави видео каде тврди дека спиел со Ријана, додека таа била во врска со Крис.
– Јас бев со Ријана во хотелската соба, а Крис ме повика да ме праша дали сум со неа. Никој немаше да знае за таа афера да не беше Крис. Ти си идиот, сам си се откри, никој не би знаел дека ги имав двете твои девојки, објави 26-годишниот рапер.
На втората девојка се мисли на споменатата Кареш, која веднаш ги демантираше таквите твдења и целиот конфликт го нарече апсурден.
– Оваа драма толку многу е непотребна и нема никаква смисла. Не е забавно ни смешно, не само за мене, туку за никого, кусо коментираше таа.
– Аферата со Ријана се случи многу одамна, пред неколку години, но тоа беше тајна затоа што на никого не се фалев за тоа. Не разговарам за тоа со кого спијам, но Крис сега се уништи. Сега освен лутата Кареш, на грб имам и бесната Ријана, се пожали Соулџа.
Крис во негов стил веднаш почна со заканувања, а некако се чини дека оваа драма само што почнува, иако Ријана цело време мудро молчи.