Внуката на британската кралица Елизабета Втора, Зара Тиндал ќе роди второ дете, соопштија официјални лица од Кралксата палата во Лондон.
Кралицата Елизабета Втора (90) и нејзиниот сопруг, принцот Филип (95) веќе имаат пет правнуци, а новиот член на кралското семејство го очекуваат на пролет.
Зара и нејзиниот сопруг, рагбистот Мајк Тиндал, пред две години ја добија ќерката Мија.
Зара Тиндал, која е шампионка во коњичкиот спорт, додека се натпреваруваше го користеше моминското презиме Филипс, додека од минатата година го зеде презимето на сопругот.