Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски и Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) г-ѓа Луиза Винтон, на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации.
Склучувањето на Меморандумот за разбирање претставува одлична рамка за соработка во областите од заеднички интерес, како што се: развојот на прокси индикатори за лицата со попреченост преку споредување на базите на податоци на инвалидските организации и базите на податоци на министерството, спроведување на теренско истражување за лицата со попреченост во три региони во државата, промовирање на де-институционализацијата и работно-ориентирана рехабилитација на лицата со попреченост.
Со овој Меморандум за разбирање меѓу Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации се обезбедува и редовно информирање и консултирање за работи од заеднички интерес помеѓу страните.
Времетраењето на Меморандумот е една година од склучувањето, со можност да биде продолжено за натамошни периоди од една година по согласност на двете страни.
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија