Во споредба со децата родени вагинално, децата родени со царски рез имаат 40 отсто поголем ризик за вишок на килограми до седмата година од животот, се наведува во истражувањето спроведено на Училиштетот за јавно здравје „Блумберг“ од Балтимор.
Истражувањето покажува и дека ризикот е најизразен кај деца чии мајки исто така имале преголема телесна маса и тој изнесува од 70 и 80 отсто.
Научниците објаснуваат дека вагиналното породување на бебињата овозможува контакт со мајчините корисни микроби, што може да доведе до намалување на ризикот за дебелина.
Во студијата се користени податоци од околу 1.400 бремени жени.
Во следната фаза ќе бидат спроведени клинички истражувања за да се утврди дали изложеноста на бебињата родени со царски рез на бактериите од нивните мајки, ќе доведе до намалување на ризикот за дебелина.