Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“

Од:

Францускиот институт во Скопје  денеска  во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“.

Саемот, според организаторот, е одлична можност за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практичните прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за добивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор од неа.

Освен информации за студии во Франција,  на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на регионите Корзика, Нормандија и Алзас.

На Саемот е најавено обраќање на амбасадорот на Франција во РМ Кристијан Тиомоние.

Би можело да ве интересира

Условна казна од една година затвор за наставничка во Франција по самоубиство на ученичка

А1он

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски