Папата првпат после 18 години во официјална посета на Франција

Од:

Папата Лав XIV денеска ја започнува својата прва официјална папска посета на Франција по 18 години. За време на четиридневната посета, се очекува тој да се сретне со преживеани жртви на сексуална злоупотреба во Католичката црква, со лидери на Европската Унија и со голем број верници.

Француската бискупска конференција одлучи ѕвоната денеска да ѕвонат седум минути, опишувајќи го тоа како „едноставен и симболичен гест“ за да се одбележи почетокот на патувањето на папата и да им се овозможи на луѓето да учествуваат во него, каде и да се наоѓаат.

Во текот на четирите дена, папата ќе има многу густ распоред – од обраќање пред европските лидери и средба со жртви на сексуално насилство во Црквата, до возење низ Париз во папамобилот.

Лав XIV, роден во Чикаго како прв американски папа, има и француски корени – неговата баба по таткова линија е родена во Франција.

Последната папска посета на Франција што го имаше статусот на официјална државна посета беше посетата на папата Бенедикт XVI во септември 2008 година.

Папата Франциск ја посети Франција трипати за време на својот понтификат – Корзика, Марсеј и Стразбур – но ниту една од тие посети не беше официјална државна посета.

Трошоците за посетата на Лав се проценуваат на околу 27 милиони евра, а најголемиот дел треба да го покрие Католичката црква во Франција преку донации.

Трошоците за ангажирање на француските безбедносни сили сè уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба