Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Од:

Француската синдикална конфедерација CGT денеска соопшти дека речиси 1,6 милиони луѓе учествувале во протестите низ земјата – вклучително и 350.000 во Париз – за време на денот на мобилизација организиран од синдикатите, првенствено со барање за зголемување на платите и зачувување на јавните услуги.

Француското Министерство за внатрешни работи претходно извести дека, според прелиминарните податоци, до 17:00 часот на протестите низ целата земја учествувале речиси 600.000 луѓе, пренесува „Ле Фигаро“.

Двата извори наведуваат дека ова бил најголемиот еднодневен протестен собир оваа есен.

Во близина на плоштадот „Плас де ла Насион“ (Place de la Nation) во Париз биле распоредени припадници на жандармеријата, подготвени да интервенираат во случај на какви било инциденти, забележува „Ле Фигаро“.

Опремени со шлемови и опрема за разбивање демонстрации, тие биле распоредени долж сите околни улици, контролирајќи го пристапот до протестниот марш.

Протестниот марш започна околу 14:00 часот на плоштадот „Плас де ла Републик“ (Place de la République) и се одвиваше мирно долж булеварот „Волтер“.

Полицијата го блокираше пристапот до статуите на централната фонтана – место на кое демонстрантите често се качуваат и испишуваат графити штом ќе пристигнат на плоштадот. Единица на полицијата за разбивање демонстрации интервенираше за да ги растера демонстрантите – главно млади луѓе – кои се собрале околу голем оган запален на тревникот на плоштадот „Плас де ла Насион“.

На неколку места можеа да се слушнат експлозии, додека противпожарно возило и возило на брза помош се движеа низ плоштадот.

Би можело да ве интересира

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

(ВИДЕО) Масовни немири во Шпанија: Демонстрантите запалија автомобили и ја нападнаа полицијата

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он