Saturn Eye е новиот сингл на екперименталниот музички состав Фрикка, бендот кој e производ на долгодишно пријателство помеѓу Гаврило Миловановиќ и Златко Митрески.
Различната музичка енергија што овие двајца момци ја поседуваат ја имаат катализирано во една фантазмагорична радост на животот, како што тие милуваат да кажат. Прилично се чувствува филмската езотерична амбиенталност со радикална експресија на Гаврило Миловановиќ, се разбира скоцкана во ритам театарскатата кабаре jazz меланхолична бас линија на Златко Митрески и атмосферично надополнета со 90’ noise-rock, post-rock гитарски комбинации на Игор Георгиев, кој од неодамна е нов соработник во овој состав.
Како вокал во овој сингл со нејзиниот суптилен кристал old-school вокал, но и перформанс на кој би можел секој да и позавиди е Јана Гигова, која страствено и емотивно ја пренесува суштината на стиховите на Saturn Eye.
Плановите во иднина им се да се прошират и вон музичката атмосфера и до создадат експериментална театарска visual-art, мултимедијална форма на која што би можел да гостува секој што сака да го искаже својот став без некој општествен филтер. Фриковците се надеваат дека во блиска иднина ќе излезат и со видео запис на некоја од нивните песни и достојно ќе ја почестат публика.