Mинистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска ќе се обрати на Третата работна средба за вклучување на Роми и Роми-бегалци, чија цел е информирање за степенот на реализација на утврдените приоритети во однос на моменталните политики за инклузија на Ромите во областите на вработување, домување и инфраструктура, лица без лични документи и образование, како и утврдување на насоки за натамошната социо-економската инклузија на Ромите во Македонија.
На средбата ќе се обратат и вицепремиерката задолжена за евроинтеграции Теута Арифи, министерот без ресор Неждет Мустафа и евроамбасадорот Аиво Орав.
Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања, Кабинетот на министерот без ресор Неждет Мустафа и Делегацијата на Европската унија во Македонија.