Со малолетни деца во прв ред, прошетка по улиците на Скопје на неколку стотини граѓани кои маршираа за семејството, за животот и детските колички.
Зад Маршот стојат повеќе невладини организации, а маршрутата беше од куќата на Мајка Тереза преку Порта Македонија со скопскиот плоштад.
Маршот имаше поддршка и од МПЦ а нејзиниот претставник кажа дека вистинска вредност е да се негува семејтвото.
„Господ го благослови сето ова што го правиме, јас како претседателот на движењето на организирана духовна обнова на Македонија се надевам дека на следните прошетки ќе присуствуваат и претставници од другите верски заедници во Македонија“, рече тој.
Претставникот на МПЦ не мисли дека децата се злоупотребуваат во марш кој и не го разбираат, облечени со маици логото на невладината прганизација.
Дел од присутните повторно не знаеа која е целта на денешната прошетка, а организаторите тврдеа дека ги собрале луѓето затоа што ја најавувале неколку недели наназад по социјалните мрежи, па дури имало и луѓе што сами се интересирале да дојдат. Пораката што ја прочитаа од плоштадот е слична на заложбата на владата за зголемување на наталитетот, со тоа што сега напоменаа дека нема опрадвувања за неформирањето брачна заедница со изговори дека економската ситуација не го дозволува тоа.
„Нашите претци сигурно не живееле во подобри услови отколку ние денес“, рекоа организаторите. Според нив, не е изговор ако „немаме доволно услови , економска сигурност немаме, зашто сето тоа директно влијае на наталитетот на нацијата.
„Идеалот на бракот како нераскинлива врска на мажот и жената. Ова е вистинската слика што сакаме секој ден да ја гледаме. Гледаме семејства со три и повеќе деца што не враќа на времињата пред 40 години кога бројката на новородени беше од 40.000 до 50.000 на година.
За жал не придонесуваме доволно за оваа традиција, семејствата денес имаат најмногу едно до две деца, што ако продолжи нашата нација едвај ќе опстои“, порачаа на собирот на плоштадот од невладините органзации „за животот, семејството и детските колички“.