По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата најавува дека од 11 мај брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Vip.
Како што појаснуваат од компаниајта, по тој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници.
Оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015 година, каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55 отсто и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45 отсто.