Укажување на Ташевска Ременски за поништување на нејзини одлуки од страна на Владата

Од:

„Во врска со информација за укинување или поништување  прописи или други акти на Министерството за труд и социјална политика кои не се во согласност со Законот за Владата на Република Македонија, донесена на седницата на Влада на 07.04.2016 годинаи на 19.04.2016 година, во интерес на законитоста на работењето укажувам дека Одлуките на Владата на Република Македонија со кои се поништуваат акти донесени од страна на министерот за труд и социјална политика се спротивни на Законот за Владата на Република Македонија, Деловникот за работа на Владата на РМ, Законот за организација на органите на државната управа. Законот за социјална заштита, Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик на РМ. Без никакво почитување на процедурите, без соодветни мислења од надлежните сектори при Владата и Вашата антикорупциска комисија донесовте одлуки и заклучоци со кои задолжувате ненадлежни органи и лица за нивно спроведување.

Вашето сериозно непочитување и кршење на одредби од горенаведените закони кои произведоа противзаконски одлуки кои правно се неприменливи и штетни за функционалноста на Министерството за труд и социјална политика, имплицираат правно самоволие и противзаконско постапување на ненадлежни органи и лица кои согласно закон немаат овластувања за спроведување на одлуки на Владата на РМ.

Со тоа Вие, аболицираниот Генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и дополнителниот заменик  министер Диме Спасов се ставивте во одбрана на незаконското работење на лицата кои беа разрешени заради непочитување на законите и правилата на работењето. Со овие Ваши постапки уште еднаш потврдивте дека, како еден од најодговорните во Владата не сте за почитување на законите, туку за спроведување на партиската волја на премиерот во сенка кој свесно Ве води Вас и Република Македонија кон доуривање на веќе урантиот правен поредок.

Со Вашето противзаконско постапување и одлучување, Вие лично потврдивте дека не го почитувате правниот поредок и поделбата на власта. Си дозволивте да се ставите и на Уставот  на РМ, над законите, над судовите државните комисии и над Државната изборна комисија кој цени и одлучува за кадровите, правните и финансиските прашања поврзани со изборите.

Селективната примена на законите и аршинот со кои одлучувате за одговорноста на Вашите министери и одговорноста на оние кои не доаѓаат од Вашите партиски редови, по кој знае кој пат потврдува дека, законите во РМ не важат за сите и дека, Партијата одамна ја заробила државата.

Знам дека не можете и немате храброст да се спротивставите на волјата на нарачателот на Вашите небулозни и правно неиздржани одлуки, што не Ве ослободува од одговорноста за сите постапки и одлуки што ги носите.

Вашето поимање на законот, функцијата на Владата, улогата на партијата и правата на избраните функционери соодветствуваат со одлуките што ги донесовте – спротивни  на закон и по мерка на партијата. Тој пример го следат и неовластените предлагачи на „информациите“ од кои произлегуваат незаконските одлуки.

На крајот, Ви укажувам дека, како министер чијашто оставка не ја прифативте, по донесувањето на овие противзаконски одлуки се оградувам од сите последици по функционирањето на јавните установи за социјална заштита и правата на граѓаните кои ќе ги предизвикувате Вие и неовластениот подносител Диме Спасов.

Наметнувањето на партиската волја на Вашиот премиер во сенка продуцира самоволие, беззаконие и правно насилие за кое по воспоставувањето на вистински независни институции во државата, ослободени од Вашиот партиски притисок, ќе сносите соодветна одговорност.

Мојот професионален интегритет не ми дозволува да бидам извршител на незаконски одлуки, независно кој ги носи и во тој контекст, сум должна да Ви укажам на тоа. Секој што ќе спроведе незаконски донесена одлука не може да се амнестира од одговорност“, се вели во соопштението на Д-р Фросина Ташевска – Ременски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска