Корисниците на социјална помош да ги обноват документите од 12 ноември до 15 декември

Од:

Од понеделник, 12 ноември, до 15-ти идниот месец корисниците на социјална помош треба да ја обноват документацијата за да го задржат правото да добиваат парична помош од државата.

Документите, со кои се потврдува материјалната и бројната состојба на домаќинството, се обновуваат еднаш годишно, а новина сега е што тоа се прави во еден чекор – во центрите за социјална работа, наместо корисниците лично да одат за да соберат документи од неколку институции (Агенција за вработување, Фонд за пензиско осигурување, Управава за јавни приходи, Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Агенција за катастар на недвижен имот).

– Корисниците на социјалната помош треба само да отидат во центрите за социјална работа каде што се регистрирани и да ја достават на увид важечката лична карта за себе и за останатите полнолетни членови на домаќинството. Ова олеснување е овозможено со воведувањето на новиот софтвер за администрирање на паричните давања од областа на социјалната заштита, рече денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска