Драстично зголемување на бројот на мигрантите кои нелегално влегуваат од Србија и Хрватска во Унгарија

Од:

Бројот на мигрантите, кои нелегално влегле од Србија и Хрватска во Унгарија драстично се зголеми изминатите денови и покрај оградите од бодликава жица, кои Будимпешта ги постави на границите со двете балкански земји, јави БТА.

Зголемувањето се поврзува со дневните квоти за прием на мигранти, кои ги воведе Австрија минатата недела.

Од петокот до неделата унгарските власти задржале над 500 илегални мигранти, кои успеале да ја преминат оградата и да влезат во Унгарија. Во текот на јануари беа приведени 550 мигранти.

Меѓу мигрантите задржани во текот на викедот поголемиот дел биле од Северна Африка, Косово и Пакистан, но имало и мигранти од Шри Ланка и Хаити, кои за разлика од сириските бегалци имаат мали шанси да добијат азил во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин