Спасов: Поднесени тужби за незаконско работење против Ременски

Од:

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информира дека поднесуваат девет тужби за незаконско работење и прекршување на административните процедури и предлози за времени мерки против министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасов појасни дека во текот на вчерашниот ден од Ташевска Ременски се разрешени вкупно девет директори на центри за социјална работа и јавни установи поради, како што рече, апсурдни и небулозни причини.

– Ова се потврдува и со примерот што неколку од директорите се разрешени поради тоа што не доставиле годишни извештаи за работа во 2013 за 2012 година или пак во 2014 за 2013 година. Што е апсолутно невистина. Луѓето имаат докази дека овие годишни извештаи за институциите со кои управувале ги имаат направено, донесено и усвоени се и од Управниот и од Надзорниот одбор на институциите, рече Спасов во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Ваквото разрешување, како што рече, претставува невиден политички реваншизам и притисок врз вработените во Министерството и институциите и врз одговорните лица во нив.

Сапасов истакна дека дел од назначените директори не ги исполнуваат условите да ја извршуваат таа функција. Еден од в.д. директорите,како што рече, кој е назначен од техничката министерка Ременски нема високо образование.

– На ваквото деструктивно однесување ќе одговориме со покренување судски процеси со цел да го докажеме незаконското разрешување на директорите, да бараме надомест на штета и враќање на поранешна состојба, односно ставање на вон сила на разрешувањата на директорите. Поради тоа денес поднесуваме девет тужби за незаконско работење и прекршување на административните процедури и предлози за времени мерки, потенцира Спасов.

Тој истакна дека од страна на разрешените директори ќе бидат покренати жалби до Државната второстепена комисија. Понатаму, како што најави, ќе бидат покренати и кривични пријави за злоупотреба на службени овластувања за незаконско именување на директори кои не исполнуваат услови согласно законот и статутот на овие институции.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска