Ременски: Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Македонија

Од:

„Потресни беа сведоштвата кои можеа да се слушнат на средбите со граѓаните од населбите Кисела Вода, Пинтија и Драчево кои воедно ја отсликуваат и суровата реалност во Македонија. За проблемите со кои се соочуваат секојдневно но и за решенијата на новата влада предводена од СДСМ граѓаните разговараа со потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски, пратеничката Лидија Димова и претседателот на Комисија за економија, Драган Тевдовски“, пишува во соопштението на СДСМ.

„30-годишен комшија со церебрална парализа, без родители, беше оставен на милост и немилост, на сограѓаните и пријателите, институциите со години одбиваат да му помогнат“, реагираеше еден од граѓаните.

F.Remenski

– Институциите одамна се претворени во партиски штабови. Без партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ не можете да ги остварите своите права. Партиски активисти наместо социјални инспектори, со списоци во рака, одат од врата на врата и уценуваат. Затоа ја вративме контролата кај граѓаните. Тука сме за вас, граѓаните, ќе ви помогнеме. Злоупотребите гледате како ги откриваме, во интерес на граѓаните, рече Ременски.

-Новата влада на СДСМ ќе ги врати парите кон граѓаните. Ќе ја зголемиме и социјалната помош за да ги извлечеме граѓаните од сиромаштија. Помошта ќе ја добиваат оние на кои вистински им е потребна. За тоа ќе се одлучува во институциите, а не партиските штабови, додаде Ременски.

„Што е со медиумскиот притисок? Гледајќи ги вестите на Сител, Канал 5 и владините реклами се доведуваме во заблуда дали да веруваме на нашиот празен стомак или дека во Македонија тече мед и млеко. Луѓе седат дома без работа а ова со странскиве инвестиции мислиш ќе треба да увезуваме работна сила од Германија и Италија“, во шега искоментираа граѓаните, пишува во соопштението.

F.Remenski f1

„Ова што вие го зборувате е уште една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не е можен фер и регуларен предизборен и изборен процес.

Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Република Македонија.

Новата Влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните“, рече Ременски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска