Ременски: Одлуката на Управниот суд не значи враќање на разрешените директори

Од:

Управниот суд нема законска надлежност за случајот со разрешувањето на директори на јавни установи и решенија за назначување на вршители на должност директори на јавни установи, а времените мерки кои ги донел по однос на 10 решенија  не значи дека разрешените директори се враќаат на работните места, се вели во реакцијата на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски во врска со написите под наслов „Судот го стави вон сила незаконското разрешување на директори од страна на Ременски“.

– За законитоста на решенијата за разрешување на директорите на јавните установи од социјална заштита во втор степен одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и во работни односи од втор степен и Основниот суд Скопје во соодветна постапка како право на разрешениот, но не и како право на трето лице (Диме Спасов) и надлежност на Управниот суд. Управниот суд одлучува исклучиво за правото на дополнителниот заменик министер да ги потпишува актите и документите што ги донесува министерот поврзано со кадровски, правни и финансиски прашања поврзани со организација на избори, но не е надлежен за оценување на законитоста на решенијата за разрешување. Со донесување на овие решенија Управниот суд се вмешал во надлежноста по закон на Државната изборна комисија. Оттука, манипулативни се наводите во текстот дека Управниот суд ги ставил вон сила незаконитите решенија, се вели во реакцијата.

Во неа се додава дека Управниот суд неосновано ги прифатил тужбите од Диме Спасов и неговото барање за времени мерки, од причина што се пуштил во оценување за прашања за кои согласно со Законот за Владата на РМ не е надлежен, а тоа се прашањата поврзани со организација на изборите. Државната изборна комисија е единствено надлежен орган кој согласно со Законот за Владата на РМ одлучува кои кадровски, правни и финансиски прашања се прашања од организација на изборите.

– Со неподнесувањето на барање/вето од страна на Диме Спасов за овие прашања пред ДИК тој не ги исполнил законските предуслови да поднесе тужба за спорење на административните процедури во врска со правото од члан 46, став 3 од Законот за Влада, а Управниот суд без должно образложение за донесувањето на времената мерка не навел ниту едно штетно дејствие што би го трпел Диме Спасов како дополнителен заменик министер. Управниот суд направил суштинска повреда на правото на тужениот, бидејќи на 20.01.2016 година ги донел решенијата за времена мерка, а на истиот датум ги доставил тужбите до тужениот на кој спротивно на член 29 од Законот за управните спорови му дал рок да одговори за три дена. Ова постапување на Управниот суд е спорно и од политички и од правен аспект: 1. без право на одговор на тужба донел необразложени решенија за времена мерка, и 2. одлучил на ден-два дена по изборот на Владата на РМ на 18.01.2016 година, односно ден пред преземањето на должноста министер за труд и социјална политика од страна на тужениот на 21.01.2016 година, вели министерката за труд и социјала.

Ременска воедно најавува дека ќе го искористи правото на жалба пред Вишиот управен суд по решенијата на Управниот суд во кои горенаведеното ќе биде основ за укинување на решенијата за времени мерки на Управниот суд и отфрлање на основаноста на тужбата на Диме Спасов.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска