Реакција на МТСП во врска со написи на некои медиуми

Од:

„Во врска со написите во одредени медиуми под наслов „Ќе се бара одговорност од Фросина Ременски поради несовесно работење и злоупотреба на службена должност”, а во која министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обвинува за противзаконско назначување на директор на Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци од Топанско поле-Скопје, и со тоа се прави обид да се доведе јавноста во заблуда, а во интерес на вистината должни сме да објасниме дека:

Критериумите за избор на директор на Јавна установа за социјална заштита ги пропишува Законот за социјална заштита, а оттука и обврската на Управните Одбори за усогласување на Статуот со Законот.

Овие критериуми важат кога се распишува и спроведува оглас за избор на директор, но не и за именување на В.Д. директор како во случајов. Единствен критериум за именување на В.Д. директор е да е од редот на вработените во Јавната установа. Критериумите за избор на директор не се критериуми за именување на директор.

Оттука, обвинувањата за именување на В.Д. директор се чиста манипулација со фактите“, се вели во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска