Правото на социјална помош корисниците ќе може да го остварат само со документ за лична идентификација.
„Во досегашниот начин на работа подносителите на барањата за социјална парична помош, како и постојните корисници на правото на социјална парична помош во текот на постапката за остварување на ова право, како и во текот на годишната обнова на документација беа должни во центрите за социјална работа за себе и за членовите на своите домаќинства да достават потврда за пензија остварена во земјава или во странство, листа на регистрирани податоци за остварен стаж, податоци за статусот на невработени лица, како и податоци за корисник на паричен надоместок по основ на невработеност“, рече на денешната прес-конференција министерот Ристовски.
За комплетна реализација на едношалтерскиот систем, како што рече министерот, почната е во тек постапка за електронска размена на податоците и со Управата за јавни приходи.
„Целта на оваа Владата и на Министерството за труд и социјална политика е помошта која ја даваме како државна да стигне во вистински раце кај вистински загрозени семејсва кои во одреден период од својот живот се нашле во социјален ризик“, истакна министерот за труд и социјална политика.
Според евиденцијата на крајот на минатата година се регистрирани 39.000 приматели на социјална парична помош.