Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Амет

Од:

Министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството на Магбуле Амет чијшто дом беше опожарен при експлозија на плинска боца на 5 јануари во село Драчево. Семејниот дом во кој живееја три семејства е изгорен до темел.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, синот Медрез Амет ја информираше министерката Ташевска-Ременски дека повредените се се уште во болница, а две жени (неговата мајка и снаа) се во критична состојба. Другиот син Идриз Амет чијшто дом не е до темел изгорен, но не е во состојба да се живее во него е сместен кај неговиот брат којшто живее во Лисиче. 

– Министерката Ташевска-Ременски посакувајќи им брзо закрепнување на сите настрадани во пожарот и покрај упатените зборови на поддршка на семејството им вети и помош при што ги информираше дека ќе им додели еднократна парична помош во висина од две просечни плати, стои во соопштението.

На претставниците на Министерството за труд и социјална политика при посетата им се придружи екипа на Црвениот крст на Град Скопје која на семејството му донираше пакети со храна, облека, ќебиња и хигиенски средства.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска