Волшебната елка на желби им ги исполни желбите на 80-тина дечиња

Од:

Над 80-тина дечиња без родители и без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства, денеска волшебната елка им исполни желби со помош на хуманите граѓани. Во присуство на донаторите и пријателите на Црвен крст секое дете го доби посакуваниот подарок кој претходно го запишаа  на елката која што беше поставена во Рамстор Мол.

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски беше дел од традиционалниот Новогодишен настан Волшебна елка на желби којшто Црвениот крст на Град Скопје го организираат за децата сместени во згрижувачките  семејства на територија на град Скопје, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Покрај ова дечињата ги добија и своите новогодишни пакетчиња коишто им ги подели министерката Ташевска-Ременски.

На територијата на град Скопје има 54 загрижувачки семејства  коишто во моментов згрижуваат 90 деца, а во Македонија има вкупно 179 згрижувачки семејства во кои топол дом наоѓаат вкупно 295 деца без родители и родителска грижа.

Сместувањето во згрижувачко семејство е вонинституционална форма на заштита која што му овозможува на детето креирање на безбедна сегашност и планирана иднина. Согласно со Законот за социјална заштита постојат општо, специјализирано, интервентно и привремено згрижување, а во едно згрижувачко семејство можат да бидат згрижени најмногу 5 деца без родители и дете без родителска грижа.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска