Децата се во право најверојатно многу почесто отколку што би сакале да признаеме. Од нив можеме да научиме многу работи како на пример, што е потребно за среќа.
Во видеото под наслов Teddy Talks, овие деца на возраст од пет до осум години откриваат во што е тајната на среќата во животите на возрасните.
Лео (7) вели дека за возрасните среќа е да одат кај пријателите, малку да разговараат, да испијат една чаша вино. – Смеењето е заразно, тагата е заразна, вели ова момче..
Едно девојче рече дека би сакала кога ќе порасне помалку да работи, а повеќе да си игра со децата.
Кога осумгодишната Оливија од Лондон беше прашана што е среќа, таа рече: „Тоа е кога имате емоции, вашиот ум ви зборува дека сте среќни… и потоа сте среќни“.
Ова видео го направи Икеа, како дел од истражувањето во врска со тоа како родителите ги гледаат своите деца. Во истражувањето, во кое учествуваа две илјади мали деца, тие се изјасниле дека нивните родители премногу користитат мобилен телефон.
Освен тоа 48 отсто од децата се изјасниле дека родителите немаат доволно време да си играат со нив, а една четвртина од нив изјавија дека стресот им пречи на родителите да уживаат во моментите поминати со нив.
Мобилен телефон не користат само возрасните. Дваесет и два отсто од испитаните деца се изјасниле дека за време на вечерата често играат игри на мобилните телефони, а 80 отсто од нив гледаат телевизија во текот на оброкот.
Погледнете го кусото видео, во кое малите деца зборуваат што е потребно за среќа.