„Вистински дела на љубезност“ и „Ретвитни оброк“ вчера по 99-ти пат ја покажаа својата хуманост делејќи храна на оние на кои им е најпотребна.
Од иницијативите велат дека се задоволни со својата цел, која е подигање на свеста кај граѓаните, како и дека во изминатиот период огромен број на граѓани се вклучува со своја помош.
Според нив, најбитно е целиот народ да се свести дека треба да помогне, бидејќи секој ден среќаваме луѓе кој заслужува барем еден оброк, насмевка и социјализација.
Еден од бездомниците кој и оваа недела го прими својот оброк беше и бездомникот за кого се крена на нозе речиси цело Скопје. Тој иако не сакаше да зборува јавно, зад камерата рече дека е презадоволен од тоа што луѓето го направиле за него, како и дека секој момент чека да почне на работа. Тој додаде и дека првпат по три години се избањал, но и дека најголемиот срам кој му бил тоа што луѓето го гледале како спие на улица конечно е избегнат.
Од „Вистински дела на љубезност“ додаваат дека наредниот викенд е нивниот јубилеен стоти оброк.
Александар Тодески