Памела Андерсот соопшти дека е повторно здрава по речиси 13 годинишната борба со хепатитисот Ц.
Славната актерка, која во 2002 година објави дека е заразена со хепатитис Ц, откако ја споделила иглата за тетовирање со тогашниот сопруг Томи Ли, сега тврди дека успеа да се излекува со помош на нов лек.
– Јас сум излечена. Штотуку дознав. Се молам сите кои живеат со хепатитис Ц да успеват да добијат лекување. Наскоро ќе биде достапно, но знам дека е тешко да се добие, напиша Памела на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија на која е целосно гола.
Актерката лекот почнала да го употребува уште во август, откако го одобри Американската агенција за храна и лекови.
Во интервју за „Пипл“ таа рече дека болеста за среќа никогаш не и претставувала проблем, но секако е благодарана што имала можност за лекување.