На свет стигна Роквел Лојд Лу, а најубавиот „Ангел на Чарли“ стана мајка.
Актерката Луси Лу доби син, а веста ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи. Таа на првата фотографија од синот напиша коментар: „Ви го претставувам новиот мал маж во мојот живот, мојот син Роквел Лојд Лу. Те сакам“.
Роквел е прво дете на 46-годишната актерка. Таа ретко зборува за својот живот, но познато е дека нејзиниот син на свет го донесе сурогат мајка.