Пречекан Андреј Стојаноски, освојувачот на сребрен медал на СП во пливање за спортисти со оштетен слух

Од:

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски постигна голем успех на Светското првенство во пливање за спортисти со оштетен слух, кое деновиве се одржа во Сан Антонио, САД.

Македонецот Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободен стил оствари време од 16:57,13 минути, доволно да го освои сребрениот медал. Тој претходно имаше најдобар резултат во квалификациите, со што се пласира во финалето.

Дваесетгодишниот Стојаноски е член на пливачкиот клуб Бета, а на Светското првенство пливаше во уште три финални трки. На 400 метри делфин тој заврши на петтото место, додека на 400 и 200 метри слободно го освои седмото, односно осмото место што е резултат на напорната  работа со неговиот тренер Марјан Соколовски.

Во чест на постигнатиот резултат, денеска пред пливачкиот базен „Борис Трајковски”, Стојаноски беше пречекан од семејството, пријателите и голем број вљубеници во спортот, кои му го честитаа големиот успех.

Прв го поздрави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој му посака уште врвни резултати во иднина.

Агенцијата за млади и спорт целосно финансиски го поддржа неговото учество на светското првенство, а како што најави Спасески, поддршката ќе продолжи и во иднина.

Стојаноски е спортски бисер, тој во континуитет постигнува врвни спортски резултати во пливањето, коишто се вреднувани од државата. Тој е носител на Стипендија од АМС од светска категорија, а со овој резултат уште еднаш ќе ја завери и потврди.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска