Австралиската полиција почна денеска истрага за тврдењата дека американскиот актер Мел Гибсон навредил и физички нападнал фоторепортерка на весникот „Дејли телеграф“, која го фотографирала во друштво на една млада жена.
Гибсон, кој оваа година наполни 59 години, наводно вербално ја нападнал, ја турнал и ја плукнал фоторепортерката Кристи Милер, кога го сликала синоќа во Сиднеј додека излегувал од кино во друштво на 24-годишната Розалинда Рос.
Кристи Милер изјави дека Гибсон бил без контрола и оти била шокирана, бидејќи познатиот актер ја турнал и ја плукнал во лице.
Полицијата потоа соопшти дека во тек е истрага за инцидентот и ги замолила сите сведоци да дадат изјави.
Портпаролот на Гибсон, Алан Нироб негираше дека актерот физички ја нападнал фоторепортерката.