Вучиќ, Рама и Тачи заедно ќе играат фудбал во Виена

Од:

На престојниот Самит на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на 27 август во Виена, како продолжение на процесот од Берлин инициран од германската канцеларка Ангела Меркел, ќе се случи и еден несекојдневен настан.

Според албанските медиуми, станува збор за фудбалскиот натпревар меѓу лидерите од западен Балкан, односно меѓу екипите на „Идната ЕУ“ и „ЕУ“.

Во екипата на „Идната ЕУ“ се српскиот премиер Алекдандар Вучиќ, неговиот албански колега Еди Рама, шефот на косовската дипломатија и вице премиер Хашим Тачи, министерите за надворешни работи на Македонија, Никола Поповски, на Црна гора, Игор Лукшиќ, на БиХ, Црнадак, на Албанија Бушати, албанскиот министер за економија Арбен Ахметај и секретарот на процесот за соработка во ргионот Горан Свилановиќ.

Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да им се придужи на српскиот и албанскиот премиер.

Судија на фудбалскиот натпревар ќе биде еврокомесарот Јоханес Хан. Во екипата на „ЕУ“ меѓу другите ќе бидат словенечкиот премиер Миро Церар и австрискиот министер за надворешни работи Себастиан Курц.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане