Џон Харт оптимист во врска со лекувањето на ракот

Од:

Британскиот актер Џон Харт, кој боледува од рак на панкреасот, изјави дека неговото лекување оди „многу добро“ и дека е оптимист.

– Не можам да речам дека се грижам за смртта, но невозможно е да се доживеат моите години и да не размислувам за тоа. На сите времето ни тече и кратко сме на овој свет, но мојот третман оди многу добро, па сум оптимист, изјави 75-годишниот актерот во интервју за Радио Тајмс

Канцерот на Харт, кој неодамна доби титула витез, му беше откриен во јуни годинава и тој веднаш започна со лекување.

Харт беше номиниран за Оскар за улогата во филмот „Човекот слон“, а по значајни остварувања оставриво „Хари Потер“, „Осмиот патник“ и „В како вендета“.

Моментно сер Џон снима нов „Тарзан“, заедно со Семјуел Л. Џексон и Марго Роби.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска